Повеќето луѓе знаат дека Кореја е поделена на две земји: едната половина е зло, додека другата половина прави големи телевизори со рамен екран. Но, она што повеќето луѓе не го знаат е тоа дека постои уште една Кореја, западно од познатите две. Оваа трета Кореја е онаму кадешто се среќава светот на Северна и Јужна Кореја. Помалку познатиот „Јанбиан Корејски авономен регион“ во североисточна Кина има се` што би можел да посака еден Кореец: Хип јужнокорејски кафичи, огромни модни шопинг центри и клубови со музика од најдобрите диџеи од Сеул, како и милитаризирани тематски паркови, социјалистички статуи, работници во униформи итн. За да стигнете таму од Пекинг, морате да фатите воз со кој треба да се возите мизерни 24 часа.