Во Хангџоу, во кинеската покраина Џеџанг, неодамна е отворена нова книжарница чија внатрешнос изгледа и повеќе од фантастично. Книжарницата се наоѓа во рамките на комерцијалниот центар Стар Авенија, во областа Бинјианг, покрај реката Киантанг. Книжарницата е дизајнирана од компанијата „XL-MUSE“ со голем број оптички илузии за да се добие ефект на бескраен простор.