Кога замислувате душевна болница, веројатно на ум не ви доаѓа некоја добра слика. Темни ходници, соби како зандани е она што Холивуд не` научи да замислуваме, меѓутоа во Тоскана, душевната болница некогаш имала одличен стил. Фрески на ѕидот и палми пред прозорецот, пациентите примени во психијатриската болница во Вила Сбертоли лесно биле измамени дека се наоѓаат во луксузен хотел. Вилата била изградена во 1800 година од богатиот италијански бизнисмен Августин Сбретоли. Приказната вели дека неговиот син полудел, иако некои велат дека страдал од физичка попреченост. Во 1868 година, вилата била претворена во болница за нервни болести, и од тогаш па натаму, Г-дин Сбертоли станал познат како Професор Августин Сбертоли.