Санкт Петербург, културната престолнина во Русија, е град во кој се наоѓаат околу 2.000 библиотеки, повеќе од 100 театри, 45 изложбени галерии, 62 кина и 221 музеј. Градот се наоѓа на листата н УНЕСКО за светско наследство како област со 36 историски архитектонски комплекси, и околу 4.000 индивидуални споменици на архитектурата, историјата и културата. Меѓу нив се наоѓа и Државниот музеј Ермитаж: еден од најголемите, најубавите и најстарите уметнички и културно-историски музеи во светот. Музејот бил основан во 1764 година кога Катерина Велика купила збирка од 255 слики од Берлин. Денес Ермитаж прикажува различни видови на уметност и артефакти (повеќе од 3 милиони копии) од целиот свет и од историјата - од древниот Египет, до почетокот на 20-от век во Европа.