„Се сметам себеси за новинар кој ја избира уметноста на фотографијата за да донесе свест во светот. Уметноста е моќно средство за изразување, но во комбинација со новинарството, таа има способност да предизвика прашања кои може да подигнат разбирање и сочувство. Токму поради тоа ја сакам мојата работа“ - Рене Бајер Приближно еден од шест луѓе живеат со еден долар дневно. Токму поради тоа фотографот и новинар Рене Бајер патува низ четири континенти за да ги прикаже околностите на луѓето кои живеат во сурови услови и екстремна сиромаштија. Преку нејзините фотографии Рене ни ги раскажува животите на сиромашните кои се доминирани од здравствените проблеми кои можат да се излечат со модерната медицина, кои работат напорно во опасни услови за малку плати, и кои градат домови на позајмена земја, бидејќи, како и сите живи суштества и тие мораат некаде да живеат. Во нејзиниот најнов проект наречен „Living on a dollar a day“, Бајер ја преведува голата статистика во приказни за полесно да ги перципираме, и со надеж да го подобриме човештвото.