Во слободното време, Доџсон бил сликар, математичар, писател и фотограф. Во времето кога фотографијата започнувала да се докажува како уметничка форма, Доџсон бил фасциниран од уметноста, но од математички аспект. Во текот на 24-годишната кариера како фотограф, тој станал мајстор во фотографија. Неговото портфолио броело над 3.000 фотографии, а имал и сопствено студио. Неговите модели биле луѓето, но понекогаш фотографирал и пејзажи, кукли, кучиња, статуи, слики, дрвја, па дури и скелети.