Хеј-он-Вај е малечок град којшто се наоѓа на бреговите на реката Вај во Пауас, Велс, во непосредна близина со англиската граница. Често опишан како „градот на книгите“, Хеј-он-Вај привлекува голем број на љубители на книгите во потрага по книги во повеќе од 40 книжарници. Градот исто така е дом на Хеј фестивалот на литературата кој носи околу 80.000 писатели, издавачи и фанови на книгата од целиот свет. Се` започнало во 1961 година кога РИчард Бут ја отворил книжарницата во Хеј, во стара противпожарна станица. Тој ангажирал неколку луѓе од градот, ги зел во Америка, кадешто книжарниците се затворале за брзо време. Од таму купил книги и ги испратил назад во Велс. Со текот на времето и другите библиотеки се приклучиле на иницијативата па така се појавиле голем број книжарници. До 1970 година овој град станал интернационално познат како „градот на книгите“. Денес, тој добива околу 500.000 туристи годишно.