Шаолин Кунгфу практикувано од страна на Шаолин монасите ги носи боречките вештини на едно сосема ново ниво. Како што Шаолин монасите веруваат дека силата доаѓа само од умот, не постојат граници за тоа што може да се направи со нивното тело за време на тренинзите. Тие практикуваат техники кои се центрирани околу балансот, силата, издржливоста и самоодбраната. Тие можат да издржат големи количини на болка, а дизајнот на нивните движења се базирани врз медицинското знаење од древна Кина и се во согласност со владеењето на движењето на човечкото тело. Тие веруваат дека она што нивните тела можат да го издржат е симптоматично за силата на нивните души и умови.