На која страна да се свртите на ова столче, секогаш ќе имате книга при рака. Ова неверојатно парче мебел е создадено од Дарко Кавазовиќ. Тој видел слично столче на Houzz.com кое чинело 5.000 долари, меѓутоа одлучил дека би било одличен проект ако го направи сам, а го направи за половина од цената. Инструкциите како да се направи ова столче можете да ги пронајдете тука, а тие се прилично едноставни. Се` што ви е потребно е дрво и шајки и се разбира, неопходните алатки за дрво.