Во сраевската населба Неџаричи минатиот месец се отвори првиот студентски хотел „Емиран“. Хотелот е изграден на шест спрата, а вкупната инвестиција изнесуваше 7 милиони КМ. Хотелот располага со 90 двокреветни и 36 еднокреветни соби. Сите соби освен кревети содржат бироа, плакари, ТВ и кабловска телевизија, безжичен интернет, греење, вентилација и бања. Во цената на сместувањето вклучени се чистење и собна услуга, односно секојдневно менување на крпи, бришење и дезинфекција на собата. Постелнината се менува еднаш неделно, а по потреба и почесто. Студентите на располагање имаат машини за перење алишта, така што самите можат да ги перат или тоа да го остават на персоналот на хотелот. Еден жетон за перење, сушење и пеглање изнесува 4 КМ, доколку во текот на месецот ги потрошат трите жетони кои се вклучени во цената.