Агенцијата „Think PARALLAX“ ја цени способноста на своите вработени за пренесување иновативни идеи со цел подобро да ги промовираат брендовите. Постојаното седење во канцеларија може да биде непродуктивно кога се работи за креативноста. Затоа, компанијата која има 11 (среќни) вработени го поттикнува креативното размислување со давање пари. Поточно, компанијата им подарува бонус за патување на своите вработени во вредност ос 1.500 американски долари. Со тие пари тие може да одат онаму кадешто ќе посакаат.