Графичките дизајнери Мартин и Мише Брукнер живеат со постојан извор на инспирација - нивната 5 годишна ќерка, Харпер Грејс. Таа, како и секое дете на нејзина возраст понекогаш умее да каже доста урнебесни нешта, па нејзиниот татко одлучил нејзините зборови да ги преточи во илустрации. Визуелизацијата на содржината на ум на едно дете е прилично тешка задача, меѓутоа то успеал да да даде одлична претстава. Проектот бил наречен „Spaghetti Toes“, наслов кој произлегол од еден разговор за време на семејната вечера кога Мишел морала да ја информира малата Харпер Грејс дека тестенините немаат место во близина на нечии нозе. Токму овие невини комични моменти му дадоа инспирација на Мартин да ги создаде овие илустрации.