Постојат толку многу погрешни работи во ова наше модерно општество. Секој ја изразува загриженоста во врска со начинот на кој владите ги водат земјите низ светот. Исто така, постојат и проблеми поврзани со технологијата фокусирани на социјалните медиуми и начинот на кој интернетот ги контролира нашите животи. Се чини дека секој има проблем со општеството, меѓутоа никој нема конкретно решение. Уметникот Џон Холкрофт пронајде интересен начин на кој ги прикажува нашите проблеми во илустрации. Преку комбинација на модерните фрустрации со слики кои изгледаат како реклами од 50-те, совршено ја претставува модерната хистерија и конфузијата на нашите проблеми.