Јазиците низ светот изобилуваат со идиоми, па така кај нас често се употребуваат идиомите од типот „не рече ни а ни б“ (што всушност значи дека некој постојано молчел) „умира од глад“ (што значи дека е многу гладен), исто како што во англискиот јазик чести се идиомите „it's raining cats and dogs“ - што сигурно не значи дека крзнести животни паѓаат од небото. Но, дали би знаеле какво значење во текот на разговор имаат овие невообичаени идиоми од различни јазици?