„Нешнл Џиографик“ само што ги објави резултатите од престижниот натпревар за фотограф на годината, а победничките фотографии се совршено прославување на мајка природа. Биле испратени вкупно 11.000 фотографии, натпреварувајќи се во четири категории: див свет, пејзажи, фотографии направени од воздух и фотографии направени под вода.