Јемен е пустинска земја која се наоѓа во јужниот дел на Арапскиот полуостров и граничи со Црвеното Море и теснецот Баб-ел-Мандеб на запад, Саудиска Арабија на север и Оман на исток. Јемен изобилува со високи и суви планини и остри врови и висорамнини кои го покриваат поголемиот дел до земјата. Нејзините планински региони се прошарени со неколку сезонски речни долини наречени „Вади“ кои остануваа суви во зимските периоди. Највпечатливите се Вади Хадрамаут и Вади Даван во источен и централен Јемен.