Наградите за најсмешни фотографии од дивиот свет се одржуваат со цел да се подигне свеста за конзервацијата на дивиот свет уште од 2015 година, а секоја година натпреварот расте и станува сè попопуларен. „Оваа година натпреварот доживеа вистински успех, квалитетот на фотографиите е значително подобрен, а имавме апликации од многу земји“, вели фотографот Пол Џонсон-Хикс, еден од основачите на натпреварот.