„Блек рок сити“ е компанијата која го организира годишниот настан именуван „Човекот што гори“ (англ. Burning man) кој завршува на Денот на трудот. Настанот се одржува на исушеното езеро Блек Рок, кое сега претставува пустина, во северозападна Невада. Приближно 70.000 луѓе ќе учествуваат во овој настан и ќе помогнат во палењето на „големиот човек“. Овој „човек“ го нарекуваат „Калаен човек“ поради очигледните сличности со ликот од „Волшебникот од Оз“. Првите фотографии од „човекот“ веќе се тука.