Мала земја сместена во југоисточна Европа која на посетителите им нуди уникатна комбинација од природни чуда, традиции и култури. Погодувате за која земја се работи? Така пишуваат за нас на страницата за споделување инспиративни приказни „Борд деди“. Во авантурата низ Македонија која ја претставуваат тие се споменуваат убавините на Скопје, кањонот Матка, Охрид, Битола, Прилеп, Смоларскиот водопад, Маврово, Тиквеш и Козјак.