Постојаните воздушни напади над Сирија се причина еден кардиолог од сирискиот град Алепо законски да се спротивстави на Русија и руските активности во областа. Лондонски адвокати ќе го бранат д-р Моавијах Ал-Авад кој работи во една од последните болници во Сирија. Вооружените немири во Алепо се случуваат уште од 2012 година и тој е еден од најжестоките бојни полиња во Сирија. Жителите во делот на градот што е под опсада тврдат дека неодамнешното бомбардирање намерно било насочено кон цивилната инфраструктура, вклучително и две болници, две служби за цивилна одбрана и неколку амбуланти. Еден од адвокатите на докторот посочил дека случајот е испратен до соодветни земји и тела на ОН и Европскиот суд за човекови права.