Изборот кој често го правиме не` дефинира кои сме како луѓе, меѓутоа не е секогаш толку сериозно колку што звучи. Јоао Роча, уметник од Лисабон, Португалија создаде интересен проект на слики наречен „2 видови на луѓе“, кој содржи илустрации кои прикажуваат дека светот е поделен на два типови на луѓе. „Постојат типови на луѓе во овој свет, оние кои мислат дека овој блог е интересен и оние кои немаат никаква смисла за хумор“, пишува Роча на неговиот блог. На кој вид припаѓате вие?