Талентираниот 17 годишен тинејџер од Словачка, Мартин Варгик создаде цела книга со мапи која ја содржи „Мапата на стереотипите“. Нивото на детали во мапата е навистина неверојано како и стеротипите кои се доста интересни и варираат од земја до регион. „Мапата на стереотипи е базирана на нормална мапа на светот која ја имам направено, работа што ми одзеде околу три месеци“. „Првата верзија на мапата на стереотипи објавена во 2014 година ми одзеде повеќе од шест недели за да ја завршам. Втората, проширената 2.0 верзија ја направив специјално за книгата. Таа ми одзеде дополнителни недели и содржи повеќе од 5.000 оригинални имиња. Податоците ги собирав од различни извори: телевизија, онлајн форуми, списанија итн. Покрај тоа што пребарував на англиски, исто така барав информации и на германски и шпански. За да биде како што треба интервјуирав многу мои пријатели и роднини за некои национални стереотипи кои тие ги познаваат“, вели тој.