Во време кога сите сме привлечени од модерни дизајни, еден Русин решил да се враќа наназад во времето кога се работи за дизајнирање на местото за живеење. Сергеј Бобовников одлучил да го дизајнира својот стан во бирократски стил од времето на Сталин. „Концептот јасно се формираше во мојот ум. Имав многу уметнички дела кои ги сакав, но не успеав да ги продадам, па овде се вклопуваат како мозаик“, вели Бобовников, кој одлучил да го искористи станот како место за покажување на својата уметност и средби со клиенти, како и простор за примање гости.