Доколку мислевте дека најстуденото веќе дојде во Македонија, фотографиите од Ојмјакон, најстуденото село на Земјата, може да го променат вашето мислење. Најниската температура таму била -67 целзиусови степени (забележана во 1933), а просечната за јануари е -50 целзиусови степени. Ова село е најстуденото трајно населено место на планетата.