X
 01.08.2020 Стипендии

Аплицирајте за стипендија за студиски престој во земјите членки на CEEPUS Програмата

Централноевропска програма за размена во областа на универзитетските студии (CEEPUS-Central European Exchange Program for University Studies) објави конкурс за стипендии за студиски престој во земјите членки на CEEPUS Програмата, соопшти Министерството за образование.

-Република Македонија како потписник на договорот помеѓу Република Албанија, Република Австрија, Република Бугарија, Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република Чешка, Република Унгарија, Црна Гора, Република Полска, Република Молдавија, Романија, Република Србија, Република Словачка, Република Словенија и Република Косово за промовирање на соработката во полето на високото образование во рамките на Централноевропската програма за размена во областа на универзитетските студии (CEEPUSIII- Central European Exchange Program for University Studies), им овозможува на високообразовните институции да партиципираат како партнери во вкупно 45 мрежи од различни области. Во рамки на овие мрежи студентите од прв, втор и трет циклус и професорите имаат можност да аплицираат за стипендии за студиски престој надвор од Република Северна Македонија. Во CEEPUS мрежите вклучени се и Универзитети од гореспоменатите земји. Програмата има за цел да промовира мобилност на студенти и наставен кадар и соработка и развивање на заеднички програми што води до заеднички дипломи (Joint degree) - се наведува во конкурсот.

ТУКА можете да видите кои високообразовни институции од Македонија се бклучени за академската 2020/2021 година.

Единствен начин е онлајн-аплицирање на www.ceepus.info.

Крајниот рок за аплицирање за летниот семестар во академската 2020/2021 година е 31 октомври 2020 година а за слободни мобилности (freemover) е 30 ноември 2020.
Активен до:    31.10.2020
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Стипендии