X
 02.07.2020 Интернационални огласи

Тренинг-програма за млади лидери „Кантари“

Тренингот за социјални промени „Кантари“ е 12-месечна програма за лидери и се одвива во Керала, јужна Индија.

Во рамки на програмата, учесниците ги развиваат потребните вештини за да успеат да направат промени во општеството. Се доделуваат 25 стипендии за програмата кои вклучуваат превоз во Индија за потребите на програмата, сместување и храна и други трошоци поврзани со програмата.

Кандидатите треба да имаат најмалку 22 години, да знаат англиски јазик и да имаат план за социјален проект кој би направил промена во општеството. Пријавите се примаат во текот на целата година, но идеално е да се аплицира во периодот од јуни до декември.

Тука најдете го официјалниот повик.

Активен до:    31.12.2020

Издвојуваме

Интернационални огласи