„Фејсбук“ доделува стипендии за студенти на докторски студии кои се дел од иновативни или релевантни истражувања во области поврзани со компјутерски науки и инженерство на кој било акредитиран универзитет во светот.
Стипендијата покрива две години школарина, финансиска поддршка од 37.000 долари годишно и до 5.000 долари за патувања на конференции. Успешните кандидати ќе добијат и бесплатна посета на главните канцеларии на „Фејсбук“ и други поволности. Пријавувањето трае до 1 октомври.
Официјален повик