Амбасадата на Република Австрија во Скопје известува дека австриската Академија на науките преку програмата за мобилност „Joint Excellence in Science and Humanities“ (JESH) нуди можност за стипендија за постдокторанди, при што во рамки на истражувачкиот престој стипендистите можат да воспостават научна соработка во Австрија, како и во други 55 земји во фокусот (JESH Outcoming).
За програмата можат да се пријават пост-докторанди до 10 години од завршување на нивните докторски студии, соопштија од МОН.
Престоите за истражување се финансираат за период од еден до шест месеци.
Од МОН напоменуваат дека JESH прифаќа само индивидуални апликации.
Крајниот рок за пријавување е
20 мај 2021 година.
Повеќе информации во врска со конкурсот за стипендијата може да најдете
ТУКА.