X
 09.10.2020 Стипендии

Стипендии за магистерски студии на Универзитетот во Мастрихт, Холандија

Универзитетот во Мастрихт, Холандија, доделува 24 целосни стипендии во вредност од 29.000 евра (што вклучуваат покривање на дел од школарината и месечна стипендија за живот) на талентирани студенти што ќе бидат примени на магистерски студии на универзитетот.

За да се пријават за стипендијата, кандидатите прво треба да се пријават за студирање на магистерска програма на универзитетот за академската година 2021/2022. Кандидатите не треба да бидат постари од 35 години. Рокот за пријавување е 1 февруари 2021.

Повеќе информации ќе најдете на официјалната веб-страница овде
Активен до:    01.02.2021

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Стипендии