X
 10.09.2020 Стипендии

Програма за стипендии „Мари Склодовска-Кири“ (MSCFP) на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ)

Генералниот директор на МААЕ неодамна ја иницира Програмата за стипендии „Мари Склодовска-Кири“ во обид да ги охрабри младите жени да продолжат со својата кариера во нуклеарната наука и технологија, нуклеарната безбедност и неширење на нуклеарното оружје, соопшти Министерството за образование и наука.

- Програмата „Мари Склодовска-Кири“ ќе стипендира до 100 избрани кандидати годишно, во зависност од расположливите средства, ќе ја покрива универзитетската школарина до 10.000 евра годишно и животните трошоци до 10.000 евра годишно врз основа на локацијата на универзитетот. Стипендиите ќе се доделуваат за двегодишни магистерски студии во области поврзани со нуклеарната наука - истакнуваат од МОН.

Аплицирањето за циклусот MSCFP 2020 се отвора на 14 август, а крајниот рок за пријавување е 11 октомври 2020 година. Kандидатките можат да аплицираат за овие стипендии за академските години 2020/2021 и 2021/2022.

Повеќе информации може да најдете на www.iaea.org/MSCFP
Активен до:    11.10.2020
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Стипендии