X
 11.08.2020 Стипендии

Стипендии ДААД за последипломски студиски програми по музика

Отворено е пријавувањето за стипендиите за меѓународни студенти за студирање на последипломски студиски програми во областа на музиката во Германија. Стипендиите се доделуваат од страна на Германската служба за академска размена (ДААД).

Се доделуваат стипендии за програми со времетраење од 10 до 24 месеци, а истите покриваат месечен надомест, патни трошоци, надомест за студирање и трошоци за осигурување. Некои студенти ќе добијат и дополнителен надомест за сместување и покривање на трошоци за онлајн-курс за учење јазик.

Пријавувањето трае до 1 октомври.

ТУКА пронајдете го официјалниот повик. 
Активен до:    01.10.2020
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Стипендии