X
 14.01.2021 Стипендии

Стипендии за додипломски, магистерски и докторски студии во Турција

Амбасадата на Република Турција во Скопје известува за повик за аплицирање на студенти од Република Македонија за стипендии во рамки на програмата „Turkiye Scholarships" за академската 2021/22 година, информира Министерството за образование и наука.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат за стипендија наменета за додипломски, магистерски или докторски студии, непосредно и индивидуално преку следната веб-страница: www.turkiyeburslari.gov.tr, каде што можат да се најдат и сите потребни информации во врска со повикот.

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 20 февруари 2021 година.
Активен до:    20.02.2021

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Стипендии