X
 02.04.2015 Конкурси

Повик за студенти (студентска симулација и конкурс за есеј)

Денешните студенти како идни лидери кои ќе ја превземат одговорноста за водење на општествените процеси се од клучно значење за секоја земја. Уште повеќе, имајќи во предвид дека студентските конференции и сите настани од ваков карактер се покажа како мошне успешни и интересни за студентите, во духот на евро-атлантските вредности на тема „Април е месец на НАТО Алијансата“, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија ќе организира два настани наменети за студентите.


1.    Студентска симулација „НАТО и светот по Самитот во Велс“

Настанот ќе претставува младински самит на кој ќе се симулира состанок на Северноатлантскиот Совет на ниво на шефови на држави/влади и ќе се разгледуваат актуелните глобални случувања, една година по самитот на НАТО во Велс. Настанот е од високо едукативен карактер затоа што ќе им овозможи на студентите одблиску и практично да се запознаат со прашањата на НАТО, безбедноста и меѓународната политика.

Настанот ќе се одржи на 30 април 2015 година (четврток) во ЕРА Центарот на Скопски Саем. Работен јазик на студентската симулација е англиски.


2.    Конкурс за најдобар есеј – „Македонија и НАТО во 2020 година“


Конкурсот за најдобар пишан текст/есеј има за цел да ги поттикне младите истражувачи и студенти од земјата да истражуваат, следат, размислуваат, дебатираат, но и да понудат свежи идеи на теми поврзани со: динамиката и процесот на Македонското зачленување во НАТО, зголемување на придонесот на Македонија до зачленувањето, но и по зачленувањето во НАТО.
Трите најдобро рангирани есеи, заедно со најдобриот есеј од секој факултет, ќе бидат јавно презентирани на настан за кој секој од кандидатите ќе биде дополнително известен.

Критериуми за учество (за двете активности):
- возраст: од 19 до 28 години
- државјани на Република Македонија или странски државјани запишани на еден од државните или приватните факултети во Република Македонија
-  студенти на додипломски, последипломски и докторски студии или млади со интерес и познавање за прашањата на безбедноста, меѓународните односи и НАТО

Награди:
Трите најдобро рангирани есеи ќе добијат парични награди (во износ од 9.000 МКД прво награден, 6.000 МКД  второ награден и 3.000 МКД трето награден), а исто така ќе влезат во потесен круг за посета на седиштето на НАТО во Брисел која ќе се одржи во септември.
Секој од учесниците ќе добие сертификат за учесто.

Рок: Заинтересираните кандидати потребно е да се пријават најдоцна до 20 април 2015 година (понеделник) до 16:00 часот преку апликационата форма.

Сите информации ќе ги најдете на следниот линк: http://atamacedonia.org.mk/en/media-centre-/news/419-povik-za-studenti

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Конкурси