X
 06.04.2016 Конкурси

Повик за учесници на работилници на тема "Општестевени промени преку Форум театар " во период април - мај 2016

Цма Крик објавува повик за учесници на работилници кои ќе се реализираат во Скопје во период април - мај 2016. Целта на работилниците е да се даде пристап  на младите кон младинска работа на територијата на Скопје.

Програма: Методи и техники на Форум театар

За кого: Програмата е наменета за млади на возраст над 18 години.
Тема: Мапирање на проблеми во општеството и понуда на решенија преку користење на методи и техники на форум театар. Покрај форум театарот ќе се користи и image и newspaper театар. Најпрво ќе се запознаеме со работа на сцени, етиди, импровизации и имитации со цел да можеме да го разбереме форум театарот. Ќе работиме на проблеми од нашето секојдневие, ќе се обидеме да ги мапираме корените на проблемите и да понудиме соодветно решение.

Цели на програмата:
Овој тип на театар е создаден за да ги мотивира и поттикне луѓето да зборуваат за проблемите и пречките со кои се соочуваат во општеството каде живеат. Главната цел е со театарски вежби и импровизација да се создаде креативен процес кој ќе даде решение на проблемите со кои се соочуваме.

Кога: април – мај 2016
Првата работилница е предвидена да започне на 12.04.2016 вторник. Вкупно ќе се реализираат 8 работилници (по 2 работилница неделно во текот на работната недела) со времетраење од 3 часа. Почетокот на работилниците е после 17:00 часот. Последната работилница ќе се реализира на 05.05.2016 а во месец мај е предвиден завршен настан (претстава) и завршна забава.
Каде: Во Скопје во канцелариите на Цма Крик во Стара Чаршија (Безистен).
Младински работници: Драгана Гунин-режисер, Бојан Лазаров-актер, Мила Карадафова-обучувач.
Работилниците се базирани на методи и техники на неформалното образование и вклучуваат работа во групи, креативни методи и сл.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на програмата аплицирајте на следниот линк не подоцна од  09..04.2016

Временска рамка:
o    Отворен повик за учесници 28.03 - 09.04.2016
o    Известување на селектираните учесници за почеток на програмата 10 – 11.04.2016
o    12.04 – 05.05.2016 Реализација на програмата
o    Финален настан (претстава)и завршна забава- мај 2016 ( датите дополнително ќе се потврдат).

Начин на аплицирање:
Доколку сте заинтересирани за учество на програмата ве молиме пополнете ја оваа апликациска форма онлајн.
https://docs.google.com/forms/d/12qyyESLmEvW8Hg-Oq0q0GmRtqZgkp1pa3UE27Rb13cQ/viewform
Како дополнување на вашата апликациска форма доставете ни кратко текстче, видео, слики (во мултимедијална форма: видео, пдф документ, power point презентација, word документ и сл.) на тема: Јас кога би бил/а премиер/ка во РМ... на infokrikcenter@gmail.com со пополнет subject Дополнителни документи за апликација за младинска програма Општествени промени преку форум театар. Освен прилогот кој ќе го прикачите дополнително напишете го вашето име и презиме.

Доколку имате дополнителни прашања за програмата пишете ни на karadafova@hotmail.com


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Конкурси