X
 19.04.2016 Конкурси

Летна школа за зависности од дроги 2016 Охрид 24 јуни - 01 јули

ХОПС – Опции за здрав живот Скопје по петти пат организира “Летна школа за зависности од дроги”. Оваа седумдневна летна школа ќе понуди мултидисциплинарен пристап за учење за зависноста од дроги, пристап кој ќе ги земе предвид социјалните, медицинските, но и политичките прашања. Целта на летната школа е да ги едуцира младите стручни кадри за работа на полето на зависноста од дроги. Школата посебно ќе се фокусира на моделите на политика за дроги, третманите базирани на докази, намалување на штети, психосоцијална подршка и концептот на човекови права на лица кои употребуваат дроги.
Ве покануваме да земете учество во работата на петтата Летна школа за зависности во Македонија.


Со големо задоволство ќе Ве пречекаме во хотел Белведере на брегот на Охридското езеро на 24 јуни 2016 година.
До видување во Охрид!

ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
Нашата мисија: Промоција, почитување и заштита на човековите права и слободи заради унапредување на здравјето и социоекономскиот статус на сите луѓе, а особено на корисниците на дроги, сексуалните работници и други маргинализирани
заедници базирано на принципите за намалување на штети, преку еднаков пристап до сервиси и услуги, зајакнување на заедницата, подигнување на капацитети, истражувања, анализи и застапување.

Критериуми за учество
- Дипломирани или студенти од завршните години на студии од:
- областа студии за социјална работа и социјална политика
- областа правни студии
- областа медицински студии
- областа студии за безбедност, полиција и детективи
- областа студии за психологија
- Постдипломци од наведените области
- Млади стручни работници од наведените области кои веќе работат на полето на
зависностите


Пријавените кандидати треба да бидат помлади од 35 години.


Предавачи
Предавачите ќе бидат искусни практичари, психијатри, доктори, социјални работници и професори од Македонија:
- Прим. Д-р Славица Гајдаѕис Кнежевиќ
- М-р Вања Димитриевски
- М-р Наташа Бошкова
- Д-р Христијан Јанкулоски
- Д-р Дарко Костовски
- Д-р Катерина Спасовска
- Влатко Деков
- Аница Димовска
- Деспина Стојановска


Локација
Хотел Белведере на брегот на Охридското езеро

Програма (теми кои ќе бидат опфатени)
- Координиран одговор во едукацијата на млади кадри во однос на зависностите и ХИВ/СИДА
- Глобална состојба со дроги во светот и Македонија
- Дефинирање на проблемот, употреба, зависност од дроги, видови дроги
- Третман на лица зависни од дроги
- Намалување на штети од употреба на дроги
- Психосоцијални сервиси за лица кои употребуваат дроги
- Проблемот со дрогите во затворскиот систем
- Родови аспекти во развивањето на програмите за работа со лица кои употребуваат дроги
- Корисници на дроги и човекови права
- Општествени истражувања за дроги, потреби, методологија, пракса
- ХИВ/СИДА, предрасуди и ДСТ сервиси
- Посета на Центарот за превенција и лекување на зависности во Охрид
- Посета на програмата за намалување на штети во Охрид


Сертификат
Сертификат за учество на летна школа и стекнати знаења ќе добијат сите учесници.

Начин на пријавување
Вашата заинтересираност и мотивираност за учество на Летната школа изразете ја во мотивациско писмо и заедно со Вашата кратка биографија (CV) испратете ги на е-маил: anicad@hops.org.mk најдоцна до 15 мај 2016 година.
Сите трошоци за летната школа се обезбедени од организаторот.

Page | 3 Рок за пријавување

15 мај 2016 година

Само избраните кандидати ќе бидат известени за исходот, по електронски пат најдоцна до 31 мај 2016 година.

Контакт

www.hops.org.mk
Аница Димовска – Програмска асистентка за едукации
ЦЕДИ – Центар за едукации, документирање и истражување
ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
Понеделник до петок од 09 до 16 часот
02/ 5200 732
anicad@hops.org.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Конкурси