X
 28.07.2016 Конкурси

Конкурс за трансфер со упис на студенти на факултетите во состав на МИТ УНИВЕРЗИТЕТ во академската 2016/2017 година



Врз основа на член 57 од Законот за високото образование, Ректорската управа на МИТ Универзитет Скопје, распишува: 

К О Н К У Р С 
ЗА ТРАНСФЕР СО УПИС НА СТУДЕНТИ НА ФАКУЛТЕТИТЕ ВО СОСТАВ НА МИТ УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО АКАДЕМСКАТА 2016/2017 ГОДИНА 

Трансфер со упис на прв и на втор циклус на студии се врши на следните факултети во состав на МИТ Универзитет:

- Факултет за правни науки,меѓународни односи и дипломатија
- Факултет за безбедносни науки
- Факултет за архитектура
- Факултет за психологија
- Факултет за менаџмент на еколошки ресурси
- Факултет за безбедност на храна
- Факултет за економски науки

• Право на трансфер и упис на студии на МИТ Универзитет имаат сите студенти од други високообразовани установи, кои имале запишано најмалку една 1 академска година или дипломирале на високо образовната установа од која доаѓаат.
• Трансферот се врши во иста или сродна студиска програма во согласност со одредбите од Правилникот за единствениот кредит систем и преминот од една на друга студиска програма, односно од една на друга високообразовна установа.
• Трансферот се врши врз основа на сродноста на положените испити и студиските програми од предходното образование.

Трансфер и упис на студентите ќе се врши заклучно со 01 септември 2016.

Потребни документи за аплицирање за трансфер за упис:

- Приемен лист (образец од МИТ Универзитет);
- Исписница од високообразовната установа од која се врши трансферот ( во оригинал );
- Уверение за положени испити ( во оригинал );
- Диплома за завршено средно образование и сведителства од сите години (за трансфер и упис на прв циклус студии), односно Диплома или Уверение за завршен прв циклус студии (за трансфер и упис на втор циклус);
- Извод од матична книга на родените;
- Уверение за државјанство.
- Уплатница 18.510 денари како депозит за школарина.

Трансферот на студенти ке се врши со школарина од 300 евра по семестар во денарска против вредност.

Дополнителни информации може да добиете на contact@mit.edu.mk или 078 268268, 076 319319

Издвојуваме

Конкурси