Најголемиот македонски хостинг провајдер и регистрар на домени МКхост објавува отворен конкурс за вработување за следните позиции:
1. Специјалист за техничка поддршка
2. Систем администратор
1. Специјалист за техничка поддршка
Кои се главните задачи за оваа работна позиција?
● Обезбедување на професионална техничка поддршка за корисниците на МКхост (преку телефон, емаил, ticketing system и online chat).
● Решавање на различни предизвици поврзани со серверите и услугите на корисниците на МКхост.
● Менаџирање и справување со серверски инциденти и проблеми.
● Брза и ефикасна комуникација со корисниците и со колегите.
Потребни квалификации и вештини
● Искуство со работа на Linux оперативни ситеми и познавање на работа во терминал.
● Познавање на функционирањето на сервисите HTTP, DNS, MySQL, SSH, IMAP итн.
● Работа со Domain Name System-и (DNS).
● Инсталација и конфигурација на CMS системи (WordPress, Joomla, Drupal).
Што би те издвоило?
● Одредено искуство во веб хостинг и домени индустријата (познавање и работа во најкористените светски платформи cPanel, Plesk и работа со домени).
● Претходно искуство во работа со клиенти.
● Трпеливост и комуникативност.
● Самоиницијативност, желба за учење и проактивност во работата.
● Снаодливост и способност за брзо надминување на кориснички проблеми.
2. Систем администратор
Кои се главните задачи за оваа работна позиција?
● Управување, мониторирање, надоградување и контрола врз безбедноста на Linux системите.
● Изведување на редовни операции поврзани со Backup решенија и спроведување на соодветни процеси за заштита на податоците.
● Надминување на разни предизвици поврзани со инфраструктурата и услугите на корисниците на МКхост.
● Обезбедување на професионална техничка поддршка за корисниците на МКхост (преку телефон, емаил и ticketing system).
● Автоматизација на процеси на инфраструктурно ниво.
● Менаџирање и справување со серверски инциденти.
● Брза и ефикасна тимска/корисничка комуникација.
Потребни квалификации и вештини
● Работно искуство со серверска инфраструктура базирана на Linux/Windows оперативни системи.
● Солидно познавање на работа во терминал.
● Солидно познавање на функционирањето на сервисите HTTP, DNS, MySQL, SSH, IMAP итн.
● Работа со Domain Name System-и (DNS).
● Искуство со автоматизација на процеси.
● Познавање или работно искуство со AWS cloud сервиси (EC/Load Balancing/ Elastic IP/Snapshot).
● Инсталација и конфигурација на CMS системи (WordPress, Joomla, Drupal)
Што би те издвоило?
● Одредено искуство во веб хостнг индустријата (познавање и работа во најкористените светки платформи cPanel/Plesk).
● Способност за создавање на скрипти (Bash/Python/Ruby).
● Искуство со автоматизација на серверска инфраструктура (Ansible/Puppet).
● Познавање на CI/CD pipeline интеграции.
● Искуство со алатки за log management и инфраструктурно мониторирање.
● Работно искуство и познавање на Cloud сервиси (AWS).
● Самоиницијативност, желба за учење и проактивност во работата.
● Снаодливост и способност за надминување на инфраструктурни проблеми.
Што значи да се биде дел од тимот на МКхост?
Работата во МКхост е исполнета преку пријателска, динамична и тимски организирана средина, со можности за персонално и професионално унапредување.
Дополнителни информации
Работното време во МКхост е од понеделник до петок, во две смени - 08:00-16:00 и 14:00-22:00.
Во моментов поради Корона криза работата се одвива од дома. Канцелариите на МКхост се наоѓаат во Capitol Mall & Residence во Скопје.
Како да аплицирам?
Испрати го твоето CV на
jobs@mkhost.com.mk најдоцна до 25.12.2020.