X
 16.12.2020 Стипендии

Стипендии за постдипломски студии од областа на јавното здравство во НР Кина

Vanke School of Public Health, при државниот Универзитет Чинхуа во НР Кина доделува максимум 3 стипендии за македонски студенти во областа на International Master of Public Health Program (IMPH).

Универзитетот Чинхуа е и најпрестижниот, прворангиран универзитет во НР Кина и рангиран на 43. место во светот во 2019 година, според Шангајската листа на универзитети. Најпознат алумни на овој универзитет е сегашниот кинески претседател Си Џинпинг, како и поранешниот претседател Ху Ѕинтао.

Цели на мастер-програмата се: развивање на способноста на студентите за примена на теориите и аналитичките алатки на јавната здравствена дисциплина во нивната работа, унапредување на разбирањето на студентите за јавните здравствени проблеми во НР Кина и земјите во развој, подобрување на способноста на студентите да преземат поголеми лидерски улоги во решавањето на јавните здравствени проблеми, промовирање на соработката во Кина со други земји преку градење мрежа на соработка помеѓу универзитетите за глобални прашања од јавното здравство.

Мастер-програмата е насочена кон креирање нова генерација лидери во јавното здравство во земјите во развој.

Стипендијата ги покрива патните трошоци, сместувањето и школарината за академската 2021-2022 година.  

Краен рок за онлајн-пријавување на оваа мастер-програма е крајот на март 2021 година. Програмата е на англиски јазик.

Повеќе информации може да се најдат TУКА.

Кандидатите што ќе се пријават онлајн за стипендии треба да достават копија од пријавниот лист во архивата на Министерството за образование и наука.
Активен до:    31.03.2021
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Стипендии