X
 28.07.2017 Конкурси

КОНКУРС за запишување на студенти на втор циклус на студии во академската 2017/2018 година на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ – Свети Николе – Битола

Врз основа на член 108 и член 110 од Законот за високото образование на Р. Македонија (сл.весник 35/2008) и Статутот на Меѓународен Славјански  Универзитет „Г. Р. Державин” – Свети Николе – Битола, Република Македонија, Ректорската управа на ден 17.03.2017 година донесе одлука за упис на студенти во учебната 2017/2018 година и го објавува следниот:

КОНКУРС

за запишување на студенти на втор циклус на студии во академската 2017/2018 година

• ПОСЛЕДИПЛОМСКИ СТУДИИ •


Факултетот за економија и организација на претприемништвото


Менаџмент на човечки ресурси во мали и средни претпријатија
Маркетинг менаџмент

Факултет за психологија

Клиничка и советодавна психологија
Психологија во социјалната заштита

Факултет за безбедносно инженерство

Безбедност при работа
Безбедност од пожар

Факултет за правни науки

Административно право и јавна администрација
Граѓанско право,
Казнено право,
Меѓународно право, право на ЕУ и диппломатија и,
Финансии и деловно право

1. Број на студенти

На студиските програми на факултетите за настава на македонски јазик ќе се запишат:

Факултет за економија и организација на претприемништвото (едногодишни студии)

Менаџмент на човечки ресурси во мали и средни претпријатија – 35 студенти
Маркетинг менаџмент – 35 студенти

Факултет за психологија (едногодишни студии)

Психологија на социјална заштита – 20 студенти
Клиничка и советодавна психологија – 20 студенти

Факултет за психологија (двегодишни студии)

Психологија на социјална заштита – 20 студенти
Клиничка и советодавна психологија – 20 студенти

Факултет за безбедносно инженерство (едногодишни студии)

Безбедност при работа – 25 студенти
Безбедност од пожар – 25 студенти

Факултетот за безбедносно инженерство (двегодишни студии)

Безбедност при работа – 25 студенти
Безбедност од пожар – 25 студенти

Факултет за правни науки (едногодишни студии)

Административно право и јавна администрација – 30 студенти
Граѓанско право – 30 студенти
Казнено право – 30 студенти
Меѓународно право, право на ЕУ и диппломатија – 30 студенти
Финансии и деловно право – 30 студенти

На студиските програми на факултетите за настава на англиски јазик ќе се запишат:

Факултет за економија и организација на претприемништвото (едногодишни студии)

Менаџмент на човечки ресурси во мали и средни претпријатија – 35 студенти
Маркетинг менаџмент – 35 студенти

Факултет за психологија (едногодишни и двегодишни студии)

Психологија на социјална заштита – 20 студенти
Клиничка и советодавна психологија – 20 студенти

Факултет за безбедносно инженерство (едногодишни и двегодишни студии)

Безбедност при работа – 25 студенти
Безбедност од пожар – 25 студенти

Факултетот за правни науки (едногодишни студии)

Административно право и јавна администрација – 30 студенти
Граѓанско право – 30 студенти
Казнено право – 30 студенти
Меѓународно право, право на ЕУ и диппломатија – 30 студенти
Финансии и деловно право – 30 студенти

2. Услови и критериуми за упис

Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со добиени 240 ЕКТС (четиригодишни студии) и 180 ЕКТС (тригодишни студии).

Кандидатите се запишуваат со самофинансирање на студиите во износ од 1500 евра (за една учебна година) односно 1700 евра за Факултетот за безбедносно инженерство, во денарска противвредност сметано по курс на НБРМ на денот на уплатата. При плаќање на партиципацијата во готово студентите добиваат попуст од 10%.

3. Рокови за пријавување и запишување   


Пријавувањето и доставувањето на документи за упис ќе се врши во просториите на ПВУ Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” Свети Николе во периодот од 20.03.2017 до 30.10.2017 година.

4. Потребни документи за запишување

При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

Диплома за завршен прв циклус на студии;
Уверение за положени испити;
Извод од матична книга на родените;
Фотокопија од лична карта;
4 мали слики во боја;

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” Свети Николе – Битола, Република Македонија во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16. За подетални информации занитересираните кандидати можат да се обратат на тел. 032/440-330, 032/440-202, 047/222-503, 047/238-077 или преку е- пошта: info@msu.edu.mk.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Конкурси