X
 19.11.2020 Препорачани огласи

Оглас за вработување во ЕкоМозаик

Друштвото за технички консултантски услуги „ЕкоМозаик“ Дооел Скопје објавува оглас за вработување на:

КОНСУЛТАНТИ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА
на неопределено време

Потребни квалификации:
- Минимум образование - Дипломиран инженер ВСС VII/1 степен /240 кредити (дипл.инж. технолог, дипл. инж. за животна средина, машински инженер за енергетика и животна средина, дипл. еколог/биолог, дипл. хемиски инженер, дипл. хидрогеолог/геолог, дипл. градежен инж.);
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на Microsoft Office.

Ќе го сметаме за предност:
- Работното искуство во областа на животна средина;
- Поседувањето на сертификат/и од областа на животна средина,
- Учеството на обуки од областа на животна средина, климатски промени и/или заштита на природата;
- Познавањето на барањата на меѓународните финансиски институции во делот на животна средина и биодиверзитет;
- Поседувањето на возачка дозвола;
- Познавање на други странски јазици.

Бараме кандидати кои имаат ентузијазам, мотивираност и желба за континуирано учење, споделување на наученото со другите членови на тимот и кандидати кои можат да придонесат кон заеднички успех и раст на компанијата, но и заштита на животната средина.

Ако сте заинтересирани, подгответе Биографија на македонски и англиски јазик и испратете ги на e-mail адресата: slavjanka@ekomozaik.com со назнака “Консултант за животна средина“.

Седиште на „ЕкоМозаик“:
Ул. „Московска“ бр.17а /2-9 1000 Скопје


Тел.025206099
Погледнете дел од нашите активности:
www.ekomozaik.com
Активен до:    26.11.2020

Издвојуваме

Препорачани огласи