Компанијата Mozzart, како најголем приредувач на игри на среќа во Југоисточна Европа, застапена е
на териториите на Србија, Малта, Романија, Република Српска, Македонија, Хрватска и Кенија. Со повеќе од
1000 уплатни места и околу 4.300 вработени, компанијатта Mozzart убедливо е регионален лидер вo оваа
трговска дејност. Нашата работна политика е заснована на модерните принципи на работење, постојано
унапредување на услугите и сфаќање на иновативноста и единственоста како императив. Свесни дека
успехот на компанијата е невозможен без стимулативно, динамично и удобно работно опкружување кое
придонесува кон развојот на способностите, знаењето и кариерата на вработените, внимателно ја градевме
својата репутација за најпосакуван работодавач.
За потребите на нашето седиште во Скопје потребен ни е
МЕНАЏЕР ЗА КОРПОРАТИВНИ ПРОЦЕСИ
Основни должности:
1. Стручна подршка во процесот на усогласување на работењето на компанијата со законите,
законсите прописи, правила, насоки и кодекси од надлежните органи и институции, како и
подршка во усогласувањето на интерните акти на компанијата
2. Комплетна вклученост и обезбедување на активности поврзани со друштвено одговорните
дејствија на компанијата, како и активно претставување на компанијата во медиумите
3. Активно учество во сите процеси за идентификација и управување со конфликт на
интереси
4. Процена на ефикасноста на контролните фактори со кои се утврдува усогласеноста на
работењето на компанијата со законските регулативи, како и континуирано следење и
унапредување на истите
5. Редовно известување на раковдството на компанијата за измените и дополнувањата во
законските промени, нивното влијание на работењето на компанијата, како и следење на
процесот на почитување на истите од страна на вработените во компанијата
6. Развивање на соодветни програми и планови за обука во областа на своите надлежности,
односно, во согласност со ризиците, да врши усогласувања во областите како што се,
спречување перење пари и финансирање тероризам, морални и професионални кодекси на
однесување, управување со приговори од клиенти.
7. Активно учествува во сите активности поврзани со навремено добивање или обнова на
сите видови дозволи, одобренија, согласности, лиценци и сл., кои се од суштинско
значење за работењето на компанијата, за одредени производи, за обнова на сертификати
и лиценци кои се потребни на компанијата
8. Подршка при мониторинг, следење, евалуација, ре-евалуација на сите видови на ризици,
нивно препознавање, како и утврдување на мерките за нивно отстранување
9. Координација и/или надзор во примена на безбедносните мерки во сите организациони
едницни, како и известување за успешноста на мерките
10. Комуникација, управување и организација на пристапот на компанијата во кризни
ситуации
Потребни услови:
o Универзитетска диплома/постдипломски студии, предност ќе имаат кандидатите со
Економски или Правен факултет
v
o Најмалку 3 годишно работно искуство на исти или слични работни позиции
o Добро познавање на законските прописи
o Познавања од индустријата на игри на среќа
o Активно познавање на англиски јазик
o Познавање и работа на MS Office пакетот
o Изразени интерперсонални и комуникациски вештини.
o Лидерски вештини
o Способност за преговарање
o Аналитичност
o Способност за решавање на проблеми и конфликти
o Прецизност, одговорност и посветеност на работата
o Способност за работа во тим
Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија примарна цел е воспоставување и
подигнување на стандардите во областа на спортското обложување во Македонија како и во Источна
Европа, Вашето CV заедно со Вашето мотивационо писмо испратете ги на
job@mozzartbet.mk. Во насловот
на e- mailot (subject) задолжително наведете ја работната позиција за која конкурирате.
Краен рок за поднесување на пријавите е 03.12.2020 година. Само кандидатите кои ќе влезат во
потесен избор ќе бидат контактирани. Нецелосните пријави, нема да бидат земени во предвид.