Високата школа за менаџмент – Бизнис академијата Смилевски – БАС (
www.bas.edu.mk) и оваа година ќе додели стипендии во вкупна вредност од 40.000 ЕУР за редовни студенти на студиската програма Оперативен менаџмент - генерација 2018/2019 година.
Стипендиите ќе се распределат врз основа на резултатите што ќе се добијат од тестирањето што ќе се одржи в сабота (21.04.2018 г.) во просториите на двете локации на Бизнис академија Смилевски БАС, Скопје и Битола. Целта на ова тестирање е да се утврдат предзнаењата на пријавените кандидати за областа менаџмент и бизнис.
Матуранти и други заинтересирани, денес истекува рокот за конкурирање. Сè уште можете да се пријавите на линкот:
http://bas.edu.mk/stipendii
На сите пријавени кандидати им посакуваме многу успех!