Московскиот државен институт за меѓународни односи (МГИМО) при Министерството за надворешни работи на Руската Федерација е спремен да прими 2 лица од Република Македонија на додипломски студии на Институтот, за учебната 2021/2022 година согласно одлуката на претседателот на Руската Федерација.
Во согласност со Наредбата на Министерството за наука и високо образование на Руската Федерација, доставувањето на документите до Комисијата за прием на странски државјани во 2021 година ќе се врши исклучиво во електронска форма.
Потребни документи за пријавување:
1) Документ за завршено средно (полно) образование. Кон документот, составен на еден од националните јазици на Руската Федерација или на странски јазик, треба да се приложи превод на руски јазик, заверен во руско нотаријално биро или во конзулатот на Руската Федерација во земјата каде што е издаден документот;
2) Копија на личната карта и националниот пасош;
3) 12 слики 3 x 4 ( мат, црно-бели);
4) CV/Резиме;
5) Мотивационо писмо;
6) Две препораки и
7)
Electronic application form
Сите потребни информации за кандидатите се објавени на веб-страницата:
www.mgimo.ru
Приемните испити на руски и странски јазик за апликантите во 2021 година ќе се одржат дистанционо, по 15 август. Датумите за испити ќе бидат објавени подоцна!
Краен рок за поднесување на документите до Министерството за образование и наука, Сектор меѓународна соработка, ул. „Свети Кирил и Методиј’ бр.54 1000 Скопје, Република Македонија е 27.04.2021 година.