X
 22.02.2021 Препорачани огласи

Оглас за вработување во ЛАНКом Компјутери

ЛАНКом Компјутери има потреба од вработување на Инженер за продажба кој би работел во Секторот за продажба и би учествувал во креирањето на нови информатички решенија за нашите коминтенти.

Опис на работнoто место:
- Изготвување на понуди за продажба на опрема и информатички решенија базирани на производната програма на DELL, Oracle како и другите наши партнери и добавувачи
- Креирање на решенија од областа на информатичката технологија и нивна презентација пред нови и постоечки клиенти
- Постојана комуникација со постоечки клиенти како и креирање на нови купувачи и коминтенти
- Водење грижа за задоволството на постоечките клиентите и нудење на постојана техничка поддршка при набавка на нова опрема и имплементација нови решенија
- Подготовка на извештаи и потребна документација во процесот на продажба и набавка
- Комуникација со странските партнери
- Извршување на други активности кои се тесно поврзани со работата

Потребни квалификации:
- Завршен факултет од областа на компјутерска техника, информатичка технологија или сродна област
- Познавање на хардверски и мрежни компоненти
- Познавање на оперативните системи
- Познавање на виртуелни околини
- Активно познавање и користење на Англиски Јазик
- Возачка дозвола од Б категорија

Работно искуство:
- Без работно искуство или со работно искуство во делот на продажба на компјутерска опрема

Професионални знаења и способности:
- Способност за креативна и ефективна продажба на информатичка опрема, софтвер и комплексни технички решенија
- Развиени комуникациски и презентациски вештини
- Солидни технички познавања и висок степен на ИТ компетентност
- Самоиницијатива и флексибилност
- Способност за тимска работа и мотивираност
- Способност за учење на нови технологии

Сертификати:
Предност имаат кандидати со постоечки сертификати од областа на компјутерските технологии.

ЛАНКом Компјутери нуди стимулативна средина, тренинг и можност за професионално усовршување во рамките на компанијата.

Сите кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите кратки биографии можат да ги испратат на konkurs@lancom.com.mk.
Активен до:    08.03.2021

Издвојуваме

Препорачани огласи