Отворени се апликациите за стипендиите на словачката влада за 2020-2021. Националната програма за стипендии на Словачка е воведена за да ја поддржи мобилноста на студентите, докторандите, универзитетските професори, истражувачите и артистите.
Словачката владина стипендија за меѓународни студенти е финансирана од тамошното Министерство за образование, наука и истражување. Стипендијата им се дава на кандидати кои сакаат да поминат краток престој (генерално 3 до 10 месеци) во Словачка за истражувачки цели или за учење.
Крајниот рок за аплицирање е 1 октомври.
Повеќе детали можете да прочитате
ТУКА.