X
 31.08.2020 Препорачани огласи

Бесплатен почетен курс за програмирање

Академија „Микросам“, Прилеп организира бесплатен почетен курс за програмирање. Курсот ќе започне на 07.10.2020 и ќе се изучува Програмирање во С++.

Предавањата на курсот ќе ги држат искусни и докажани инженери. „Микросам“ на учесниците им ги обезбедува сите услови за посетување на курсот.

Сите заинтересирани кандидати треба да се спремни за одговарање на предизвиците со кои ќе се соочат за време на курсот. Не е потребно да имате предзнаење од програмирање.

Изборот на курсисти ќе се одвива преку влезно селекционо тестирање кое ќе се спроведе на 01.10.2020, ќе се тестира логичко размислување.

Конкурсот трае до 30.09.2020.

Пријавете се на 075 226 411; 048 400 100.

akademija@mikrosam.com


Активен до:    30.09.2020

Издвојуваме

Препорачани огласи