X
 01.01.2017 Живот

Убавината која астронаутите ја доживуваат секој ден

Астронаутите на Меѓународната вселенска станица имаат ретка чест да уживаат во најубавиот поглед на нашата планета. Скоро секој ден објавуваат фотографии кои нѐ фасцинираат со неверојатна перспектива и прикажуваат планета на која не се гледаат граници и конфликти.

Астронаутот Џеф Вилијамс претходно оваа година со својата камера сними ултра ха-де видео од планетата, а сега НАСА објави снимка која ќе ви го разубави денот. На видеото можете и да го слушнете Вилијамс како зборува за чувството кога ја гледа нашата планета и како овој поглед ќе ги воодушеви сите.

Но, Вилијамс зборува и за тоа колку е важно да се подели овој единствен поглед со другите.

„Кога ќе ја завршите мисијата и ќе се вратите на Земјата, чувствата за брзо време избледнуваат“, вели Вилијамс и додава дека ваквите снимки може да го пренесат искуството на глобално ниво.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот