X
 01.01.2017 Култура

Запознајте го племето со варварска традиција

Високо во планините на Мјанмар живее племето Чин, чиишто жени сè уште носат лузни од древната варварска традиција. Меѓу 12 и 14 година, жените од Бурма задолжително морале да го истетовираат своето лице. Станува збор за макотрпен процес што вообичаено трае неколку дена.

Според легендата, традицијата почнала со намера жените да огрдат за да не бидат киднапирани за кралот кој ги сакал за конкубини, пренесува Дејли Меил.

Обичајот траел до 1960 година, кога владата го забранила, но постарите жени продолжиле да живеат со своите лузни. Тие исто така носат и големи обетки што им ја растегнуваат кожата. Овој обичај има длабоко културно значење, главно за христијанските заедници.

Фотографот и сајбер експертот за безбедност, Тех Хана Лин, направил интересни слики за време на своето неодамнешно пратување во Мјанмар.

chin
Фото: Wikipedia

„Кога одлучив да го поминам одморот во Мјанмар, истражував за тамошните племиња и така дознав за племето Чин“, рекол тој.

Тој истакнал дека некои биле против забраната на овој варварски обичај на кој биле изложени жените, но други, пак, многу се израдувале. Противниците продолжиле со практиката на тетовирање на лицата.

Додека престојувал кај нив, тие му ја сподлиле нивната тајна, како со груби инструменти да исцртаат сложени тетоважи.

„За овој процес тие користат трња и мешавина од жолчка, разни билки и животински масти. Процесот е исклучително болен и може да потрае неколку дена. Оздравувањето трае и до две недели“, споделил тој.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура