X
 01.01.2022 Живот

Што јадат жителите на најсеверниот град во светот?

Додека нашите трпези се полни со сарми и колачи за време на празниците, интересно е да се види како јадат другите луѓе во светот, особено оние што живеат на места на кои температурата е многу под нулата.

На архипелагот Свалбард, кој се наоѓа помеѓу Норвешка и Северниот Пол, живеат повеќе поларни мечки отколку луѓе. Овие острови се најсеверното место на кое живеат луѓето. Овде температурата се спушта до -10 веќе на крајот од октомври, а помеѓу ноември и февруари таму не изгрева сонцето.



Дали може да претпоставите што се јаде таму во студените месеци? Новинарите од „Вајс“ го посетиле главниот град на Свалбард, Лонгјир, за да го откријат одговорот.

Тие забележале дека во супермаркетите има доволно овошје и зеленчук, но и нешто локално - димено месо од кит. Таму може да се проба и сушено месо од ирвас. Многу од локалните ресторани нудат пица или бургери, но некои нудат и храна од ирваси, китови и фоки.



Интересно е што ловот е регулиран на Свалбард. Секој граѓанин годишно може да убие еден ирвас за „приватни цели“, додека некои ловци имаат дозвола за ловење 25 ирваси годишно. Впрочем, тука се јаде тоа што ќе се улови.

Еден од најпознатите ресторани на Свалбард е „Хусет Свалбард“, кој има и профил на „Инстаграм“. Сопственикот го менува менито во ресторанот на секои три месеци, но ирвасот редовно се наоѓа на менито.

Новинарите од „Вајс“ дегустирале пита од димено срце од ирвас сервирано на пена од печурки од островот.

Извори: Dnevnik | Vice
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот