X
 01.03.2017 Живот

Мајкл Џексон: „Ако сакате да го направите светот подобро место за живеење, погледнете во себе и направете промена“

Кралот на поп музиката, доминираше на музичката сцена во 80-те и 90-те години. Мајкл беше една од најпрепознатливите поп икони скоро 4 децении насекаде низ светот. Неговата смрт погоди милиони луѓе, а неговото наследство останува со нас засекогаш.


Фото: Wikipedia

Неговото срце беше големо, а неговите зборови изобилуваа со магија која покажуваше всушност колку богата душа имаше. Ова се некои од неговите најдобри мисли и цитати.

„Лагата трча спринтови, но вистината трча маратони. Вистината ќе го победи овој маратон во суд“

„Ако влезете во овој свет знаејќи дека сте сакани и заминете од овој свет знаејќи го истото, тогаш можете да се справите со се` што се случува помеѓу“.

„Давањето дел од вашето срце е многу повредно од сите богатства во светот“.

„Една ѕвезда не може да умре. Таа се претвора во насмевка и се топи назад во космичката музика, танцот на животот“.

„Јас сум како сите. И јас крвавам кога се сечам и лесно се засрамувам“.

„Во нивната невиност, многу млади деца се светлина и љубов. Ако им дозволиме, можат да не` научат да се гледаме себеси на ист начин“.

„Најголемото образование во светот е гледањето на мајсторите како работат“.

„Мојот став е: ако модата вели дека е забрането, тогаш јас ќе го направам“.

„Не можете да ме повредите, пронајдов мир во себеси“.

„Ќе ја барам мојата ѕвезда се` додека не ја пронајдам. Таа е скриена во фиоката на невиноста, завиткана во шалот на чудото“.

„Секоја песна е дете кое го хранев и му давав љубов. Но, дури и никогаш да не си напишал песна, твојот живот е песна. Како би можел да не е?

„Гледај над себеси“.

„Човечкото знаењ не се состои само од библиотека и прагмент и мастило - тоа исто така се состои од обемот на знаење напишано од човечкото срце, делкано во човечката душа и изгравирано во човечката психа“.

Кога животот се гледа како божество, секому му растат крилја“.

„Ве молам бркајте ги вашите соништа. Кои и да се вашите идеали, можете да бидете она што сакате да бидете.

„Надежта е толку убав збор, но често пати се чини толку кревок. Животот се` уште без потреба се повредува и уништува“.

„Пред да ми судиш, обиди се да ме сакаш, гледај со срцето, а потоа прашај: -Дали си го видел моето детство?“

„Велат дека родителството е како танцување. Вие правите еден чекор, а вашето дете прави друг“.

„Овој свет во кој живееме е танц на создателот. Танчерите доаѓаат и си одат во моментот, но танцот живее“.

„Ако сакате да го направите светот подобро место за живеење, погледнете во себе и направете промена“.

„Ако го направите исто толку добро како последниот пат, сепак тоа не е доволно добро“.

„Да живееш е да бидеш музикален, започнувајќи со крвното танцување во вашите вени. Се` што живее има ритам. Дали ти ја чувствуваш твојата музика?“

„Во еден свет исполнет со омраза, ние мора да се осмелиме да се надеваме. Во свет исполнет со гнев, мора да се осмелиме да го утешиме. Во свет исполнет со очај, мора да се осмелиме да сонуваме. Во свет исполнет со недоверба, мора да се осмелиме да веруваме“.

„Кога велат дека небото е граница, за мене тоа е навистина точно“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот